Бројот на загинати лица во тешката сообраќајна несреќа која се случи рано утрово во Чернихивската област во Украина порасна на 13 лица, а 7 се повредени, информира прес-службата на Државната служба за вонредни состојби, пренесува новинската агенција Укринформ.

– Во несреќата која се случи утрово, кога камион се судри со минибус кај селото Брусилив во област Чернихив на автопатот Х-27 Чернихив-Гремјач, загинаа 13, а повредени се 7 лица, кои се хоспитализирани со различен степен на сериозност на повредите, се вели во соопштението.

Во отстранување на последиците од несреќата и истражување на причините за нејзиното случување вклучени се 113 лица и 45 единици. Според Регионалната државна управа на Чернихив, формиран оперативен штаб за комуникација со роднините и жртвите во градската болница Г2 во Чернихив.

Како што објави Укринформ, несреќата се случила околу 7 часот и 55 минути. Првичните информации беа дека во несреќата загинале 10 лица, а 7 се повредени, но последните информации велат дека бројката на загинати лица пораснала на 13.

📷

📷

📷