Санкциите за трговците коишто нема да ја почитуваат одлуката за употреба на биоразградливи кеси, коишто се наплатуваат по 15 денари, би можело да бидат изречени веднаш бидејќи законот не предвидува адаптациски период за трговците, вели во своето интервју за вечерашното издание на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска Димоска.
Запрашана за спроведувањето на мерката на пазарите, таа вели:
„Проблем е што тие, бидејќи немаат фискални апарати не можат ни да ги продаваат кесите ако се биоразградливи, тоа е нешто дополнително што во наредниот период ќе биде предмет на контрола и секако дека и тие нема да бидат изземени од делот на контролирањето и почитувањето на овие одлуки“, вели Димоска.