Тома Здравковиќ секогаш важел за боем кој цел живот им го посветил на песната, кафеаните и на жените. Многу песни посветил токму на своите големи љубови, а сите беа именувани по женски имиња.
Никогаш не криеше дека ги сака жените иако беше во брак од кој има и син. Но, една тајна пејачот ја однел во гроб.
Песната „Јелена“ не била посветена само на неговата снаа, сопругата на Новица Здравковиќ, туку како што открива негова пријателка од Германија, била и за една проститутка која во 80-те ја запознал на железничка станица во Франкфурт.
„Читав во медиумите дека песната „Јелена“ е посветена на многу жени. Но, тоа се шпекулации. Вистината е дека Тома ја напиша песната за девојка која ја запозна тука во Франкфурт и во која лудо се заљуби. Во тоа време беше оженет и се врати од Канада. Беше тоа во 1984 година, таа се занимаваше со проституција. Од тоа живееше и не го криеше тоа. Беше убава како сон. Се запознаа во текот на една вечер кога тој со воз дојде во Франкурт“, раскажа соговорничката за Курир.
Според нејзините зборови таа Јелена го примила Тома во својот стан каде што живеела под кирија.
– Еден ден дојдов кај неа и во еден момент од бањата излезе маж. Му беше срам штом ме виде, се претстави срамежливо, рече дека е пејач. Бидејќи немаше гардероба, Јелена ме замоли да одам до стоковната куќа да му купам кошула. Ми даде пари и ми рече да земам број 37. Отидов, но најдов само 38 број. Јас си заминав дома, а тие излегоа вечерта да се забавуваат.
Јелена ја познавале и другите естрадни ѕвезди како Мирослав Илиќ, Добривоје Топаловиќ, но Тома „одлепил“ по неа.
– Ги сакаше таа пејачите. Но, никој не се интересираше за неа како Тома. Тој сакаше таа да му го смири срцето. Меѓутоа Јелена не беше заљубена во него. При една прилика тука во Франфурт Тома беше со Зоран Калезиќ и Шабан Шаулиќ. Им рече дека Јелена му ја украла душата и срцето и не може да застане додека не ја освои. Сакаше да биде само негова. Не му беше важно ниту за бракот ниту за кариерата, само сакаше да биде со неа. Таа избега од него затоа што не сакаше да ја напушти професијата. Кога ја објави песната во 1990 година, Тома и ја прати на Јелена да ја прочита. Таа беше воодушевена, но му рече дека е џабе затоа што нејзиното срце и припаѓа на улицата – заврши изворот за Курир кој сведочи за бројните настани на естрадата во тие години.