Деновиве згасна еден млад живот, животот на инфлуенсерката Кристина Кика Ѓукиќ. Според тамошните медиуми, девојката наводно се самоубила. Нејзиното семејство излезе со соопштение во кое побара од медиумите, како што се наведува, да престанат да шпекулираат што се случило и како девојчето починало.
– Со шпекулациите и нагаѓањата дека Кика се самоубила, доведовте до тоа да не можеме да го погребаме нашето дете и сестра, затоа што свештеникот не сака да прави црковен обред за покој на душа на умрениот (опело), поради информациите што се шират во медиумите. Во оваа прилика ги замолуваме сите луѓе, медиумите и црквата да ни дозволат достоинствено да се простиме од неа и да ја погребаме по обичаите на СПЦ, се вели во соопштението на семејството Ѓукиќ.
Кристина Ѓукиќ ќе биде погребана на гробиштата Лешче во вторник на 14-ти декември.
Семејството на Кика сака да знае како таа починала. Доволно е тешко да се биде без член на семејството, но уште потешко е затоа што се работи за млада личност, личност пред која бил животот, кој наводно самата го прекинала.
Мајката на младата инфлуенсерка вели дека семејството сака да ја погреба според обичаите на СПЦ, со богослужба што ќе ја служи свештеник. Според изјавата на семејството, свештеникот не сака да ја држи богослужбата поради сомнеж дека девојчето се самоубило.
Самоубиството е смртен грев
Какви се правилата на СПЦ по тоа прашање? Како што изјави претходно свештеникот за Телеграф.рс, СПЦ не прави црковен обред за самоубијците, бидејќи самоубиството е смртен грев после кој нема покајание за тој чин, како што може да се покае човек кој ќе му одземе живот на друг.
Црковен обред за покој на душа на умрениот (опело) не се служи дури и кога се во прашање деца, мали деца кои кренале рака на себе или пак кога се работи за некрстени деца.
Има исклучоци кога свештеникот сепак служи црковен обред
Сепак, ако се работи пациент со ментална болест и притоа има документи за неговото лекување, сите документи се испраќаат до црковниот суд, па судот одлучува за тоа. Во такви случаи може да се одобри и опело, беше кажано претходно за Телеграф.рс.
Од Православниот богословски факултет објаснија дека погребната служба се врши и во случаи кога самоубиството не е извршено од волја, туку од потреба. Сепак, има случаи кога на самоубијците црковниот обред сепак им се служи, но тоа мора да го одобри патријархот, пишуваат белградските медиуми.
– Семејствата на самоубијците испраќаат барање за погребна служба до парохискиот свештеник, кој потоа го проследува до Патријаршијата. Ако патријархот го одобри, се чита помилување за простување на гревовите. Ова обично се одобрува кога станува збор за млади луѓе кои се самоубиле, пренесуваат медиумите.
Во Србија се памети случајот кога се држеше богослужба на брачниот пар Николиќ, кој пред неколку години се самоуби скокајќи од зграда во белградската населба Борча. Двајцата решиле да стават крај на својот живот токму на годишнината од самоубиството на нивниот син единец. Свештеникот тогаш служеше црковен обред за покој на душа на умрените.
– На свештеникот му рекоа да се појави, само мал помен да изврши во капелата, а сепак не можеше да оди на погреб… Но, по правило, тие самите доброволно извршиле хулење на Светиот Дух и нема зошто да се бара црковен обред, бидејќи тие со тој гест се откажале од црквата и од Христос, објасни претходно за Телеграф.рс свештеникот на СПЦ.