Камион управуван од црногорски државјанин бил паркиран на лентата за застанување кога во него удрил друг камион. Се наведува дека телото на 32-годишен црногорски државјанин било пронајдено на патот, пред камионот.

Црногорецот А.М. (32) загина во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот „Тракија“ во Бугарија.

Според порталот 24časa.bg, несреќата се случила утрово околу 6.40 часот на автопатот „Тракија“, кај Стара Загора, во близина на Софија.

Повикувајќи се на неофицијални информации, бугарскиот портал објави дека камионот со кој управувал црногорскиот државјанин бил паркиран на лентата за застанување кога на него налетал друг камион.

Се наведува и дека телото на 32-годишен црногорски државјанин било пронајдено на патот, пред камионот.

Причината за несреќата се утврдува, а по наредба на обвинителството ќе бидат сослушани сведоци.