Мајката на Кристина Кика Ѓукиќ, Наташа со потресен говор се прости од својата ќерка.
Едвај можеше да зборува на гробот на својата сакана, но најде сила да и ги испрати последните поздрави на својата ќерка.
Несреќната жена рекла дека и било многу тешко поради загубата на детето.
– Бебе, те нема и никој никогаш нема да може да го заземе твоето место. Ти беше доказ дека ангелите одат по земјата. Единствено ми е драго што отиде на подобро место каде што нема омраза и злоба, изјавила мајката на Кристина.
По говорот, Наташа го вметнала текстот од песната „Kristina gde si sad kad kiše padaju“, по што таа силно заплакала. Пријателите и пришле и ја држеле несреќната жена да не се сруши над гробот на нејзината ќерка.