Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во Црна Гора која што се случи на главниот пат Бар-Петровац, во близина на познатото летувалиште Сутоморе денеска во 16 часот и 20 минути.

– Во несреќата учествувале три возила. Во тек е увид на несреќата. Околностите под кои се случила несреќата ќе ги утврдува истрагата, соопштија од полицијата за локалните медиуми.

Возачот на Ауди А6, П.Р. починал на лице место. Во несреќата загинал и возачот на Волксваген Кеди. Во судирот учествувал и автомобил Голф управуван од С.С., кој за среќа поминл без повреди, изјави шефот на Основното државно обвинителство во Бар, обвинителот Радован Ѓуровиќ.

Сообраќајот се одвива по алтернативен пат.