Пет деца загинаа во Австралија и уште неколку се тешко поврдени кога силен ветер го подигнал во воздух дворецот на надувување во текот на училишна прослава, поради што паднале од височина од 10 метри, објавија властите во четвртокот.

Две девојченца и две момченца на возраст од 10 и 11 години загинале во несреќата во Девенпорт, на северозападот од австралиската сојузна држава Тасманија. Медиумите јавуваат дека и петто дете им пдолегнало на повредите.

Уште четири деца се во болница, од коишто четири се во критична состојба, соопштиле властите. Сите настрадани деца се од последното шестото одделение од основното образование.

Околностите на оваа несреќа сѐ уште не се разјаснети, а не се објавени и други поединости за идентитетот на децата, освен дека инциденеот се случил во основното училиште Хилкрест. Несреќата е меѓу најлошите од ваков вид во Австралија и предизвика силни изливи на тага и неверување ширум земјата,

„На денот кога овие деца требаа да го прослават својот последен ден во основното образование, наместо тоа сите тагуваме затоа што ги загубивме. Срцето ни се крши поради семејствата и саканите, училишните другарчиња, учителите на овие млади луѓе клои прерано ги загубивме“, изјави за медиумите тасманискиот полициски комесар Дарен Хајн.

Тасманискиот премиер Питер Гатвејн изјави дека „едноставно е незамисливо дека се случи оваа шокантна трегедија“ и вети темелна истрага. Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека станува з бор за „потресен инцидент кој ги крши срцата“.

📷

📷