Животот на овој млад човек е целосно променет по Ковид 19 и моментално е во полусвесна состојба, а ниту лекарите не ја знаат точната дијагноза.

Елвис Терзиќ од Босна и Херцеговина вечерва итно е префрлен на лекување во Турција, соопшти здружението Поможи.ба.

Тој слета во Истанбул каде ќе биде сместен во клиника.

Животот на овој млад човек е целосно променет по Ковид 19 и моментално е во полусвесна состојба, а ни лекарите не ја знаат точната дијагноза.

-Ми даде знак со очите дека ме слуша, солза му протече од окото и ја мрдна раката во мојата рака – изјави Мирела, сопруга на Елвис Терзиќ, кој вечерва итно е префрлен со брза помош во Турција, бидејќи неговиот живот е во опасност.

Како што соопштија од Поможи.ба, апелот за помош ќе биде покренат во недела, бидејќи за лекување на Елвис сигурно ќе бидат потребни десетици илјади евра.

Искрено се надеваме дека оваа приказна ќе има среќен крај, за да може Елвис што поскоро да се врати во прегратките на својата ќеркичка и да ужива во нејзиното растење со неговата посветена сопруга.

📸

📸

📸

📸