Млада полицајка од Њујорк му танцуваше во скут на шефот, па откако видеото излезе во јавност сега ја чека дисциплинска постапка. Забавата се случила во еден бар во Бронкс.

26 годишната Вера Мекули им се приклучила на своите колеги, кои ја снимиле како танцува во скутот на поручникот Ник Мекгери. Откако излезе видеото таа се повлече и не била достапна за никаков коментар пишуваат медиумите.

Нејзиниот татко Џон за „Пост“ рече дека ќерка му сега била фрустрирана од целиот настан.

„Ми рече дека направила грешка. Многу ѝ беше незгодно за тоа што го направи. Се посрамоти и себе си и семејството. Постојано плачеше. Таа знаете сè уште е млада. Тој е поручник и е оженет човек, требало да знае подобро. Ќе ја тужам полицијата“, рече Џон.

Поручникот исто така е официјално под истрага. на својот профил на Linkedln кој сега го избришал, тој напишал дека Вера била многу мотивирана и одлучна личност.

📷

📷