Српската поп-ѕвезда Јелена Карлеуша им вети на своите фанови дека ќе направи невиден спектакл за дочекот на Новата 2022 година, па тоа ветување и го исполни.

Јелена уште еднаш сите ги остави без здив со својот стајлинг, а за сцената избра проѕирен бел фустан во кој изгледаше како снежна кралица.

Сите костими што ги смени во текот на дочекот, биле специјално изработени за новогодишната ноќ, а десетици илјади граѓани уживаа во спектаклот пред Собранието во Белград.

„Слушам дека го срушивме рекордот, дека никогаш немало повеќе луѓе. Дека сте среќни, дека имате парички,короната да биде зад нас, да бидете сакани и да сакате, да пееме, долго да бидеме насмеани“, порача Карлеуша.

Таа и овој пат приреди вистинско „лудило“, а како и досега така и овојпат се трудеше нејзиниот настап да изгледа светски.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸