Јелена Карлеуша во „репризата“ на новогодишната ноќ настапи во клубот „Касина“ каде два часа по полноќ изби инцидент.

Инцидент се случил во познатиот бар „Касина“ во Белград, лоциран во центарот на градот, околу два часа по полноќ, кога еден од гостите влегол во автомобил со друго лице и оштетил три излози, жардињера и заштитна ограда.

Јелена Карлеуша настапи синоќа во споменатиот локал, а како што објавија медиумите, истиот гостин кој подоцна го предизвика инцидентот првично се качил на сцената бидејќи сакал да танцува со пејачката. Менаџерката на клубот изјавила дека Карлеуша потоа го повикала обезбедувањето кое го извадило пред објектот.

И покрај инцидентот кој се случи пред познатиот клуб, Карлеуша имаше уште една незаборавна вечер, а сите зборуваа за нејезиниот стајлинг – мали панделки, црвено боди кое едвај нешто криеше, а бунтовните гради само делумно беа покриени!

Младиот човек кој го предизвикал инцидентот скршил стаклен излог и детектор за метална врата на влезот во ресторанот, жардињера и заштитна ограда. Полицајците се обиделе да го запрат возачот, но тој избегал.

Подоцна автомобилот бил запрен во Карабурма, а зад воланот била пронајдена девојка, со алкотест над 1,20 промили. Таа е приведена по налог за претрес, а потрагата по младиот човек кој го предизвика инцидентот е во тек.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸