На 03.01.2022 во 04.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, по извршена контрола во багажот кај С.Е.П.(45) од САД биле пронајдени три куршуми и една чаура од испукан куршум.
Таа била приведена и предадена на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.