Човек кој повремено го посетувал пунктот за бездомници на Црвениот крст во Скопје, вчера бил пронајден починат на улица „Македонија“, во центарот на главниот град.

Случајот во СВР Скопје го пријавила итната медицинска помош во 10:15 часот.

Во СВР Тетово, во утринските часови на 15 мај било пријавено дека на работно место во фирма во Гостивар бил пронајден починат гостиварецот Ј.Г. (58).

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.