Мотоцикл со големи оштетувања и автомобил со целосно уништен преден дел и моторот на булеварот Партизански одреди во Карпош 4 додека полицијата врши увид по тешката сообраќајна несреќа во Скопје која се случи попладнево.

Повреден е мотоциклистот кој се судрил со автомобилот, а во болница е однесен и возачот на автомобилот Тојота.

Булеварската лента во правец од Сити Мол кон Ѓорче Петроv беше затворена по несреќата во која има и повредени.

Парчиња од двете возила се распрскани по коловозот. Од силата на сударот, автомобилот е свртен во спротивен правец од правецот на движењето на лентата каде се случил сударот.

Од МВР потврдија дека има двајца повредени:

Денеска (28.04.2024) во 15.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.”Партизански одреди” се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл и патничко возило “тојота”, двете со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и пренесени се во ГОБ “Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска ломош. Увид во тек.