На снимката која се појави на интернет се гледа камион како виси од карпа во кинеската покраина Шанси. Камионот во таа позиција се наоѓал три дена.
Камионот кој превезувал пченкарно семе патувал по тесен планински пат во округот Пингшун, во близина на границата со покраините Хебеј и Хенан, кога се лизнал од патот и останал да виси над провалијата.
Возачот и совозачот успеале да излезат од камионот, а властите на крајот, по три дена, успеале да го преместат возилото на безбедно, пренесува Би-би-си.
Возачот кажал дека мислел дека се „готови“ кога сфатил дека не може да се врати на патот.
Тој сфатил и дека можат да излезат низ возачката врата, што веднаш го направиле.
Сообраќајната полиција потврдила дека патот е повторно прооден на 4 јануари.
📷
📷
📷
📷