Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, зборуваше за Радио телевизија на Република Српска и истакна дека целата ситуација околу играњето на првиот светски рекет на Австралија Опен е затворена.
Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ на суд ја победи државата Австралија, но се уште е во опасност од депортација. Министерот за имиграција Алекс Хок, и покрај одлуката на судот, има моќ да го депортира Новак од нивната земја, но според Срѓан Ѓоковиќ, се’ е решено.
– Целата ситуација во врска со Новак Ѓоковиќ беше затворена со пресудата на австралискиот суд. Да имаше нејаснотии со кои се занимаваат некои новинари, пресудата ќе беше поинаква, изјави Срѓан Ѓоковиќ.
– Австралиски суд и независен судија за седум часа испитување на сите факти утврдија дека нема нејаснотии и дека Новак може слободно да влезе во Австралија и да си ја врши работата, заклучил таткото на Новак Ѓоковиќ.