Чешката пејачка Хана Хорка, противник на вакцината против коронавирус, почина на 57-годишна возраст откако намерно се заразила со вирусот за да добие пропусница за коронавирус, соопшти нејзиното семејство.

Нејзиниот син Јан Рек за јавното радио iRozhlas.cz изјави дека неговата мајка одбила да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, двајцата вакцинирани, се заразиле пред Божиќ.

– Таа одлучи дека ќе живее нормално со нас и попрво ќе го добие вирусот отколку да се вакцинира – изјави Рек.

Два дена пред смртта, пејачката на чешката фолк група Асонанс на социјалните мрежи напиша: „Преживеав. Беше живописно. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања на море“.

Нејзиниот син ги обвини локалните антиваксери за смртта на нејзината мајка и рече дека ја имаат „нејзината крв на рацете“.

– Точно знам кој го оформил нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на странците отколку на семејството и на тезите за стекнување природен имунитет на изложеност на болести, изјави Јан Рек.

Нов бран од пандемијата е во тек во Чешка, а само во понеделникот се заразени повеќе од 20.000 луѓе.