Францускиот актер Гаспар Улиел (Gaspard Ulliel) почина денеска во несреќа на скијање во Савој, на истокот на Франција, јави агенцијата Франс прес.
37-годишниот актер доживеал несреќа во вторникот и итно бил префрлен во болницата во Гренобл, јавија француските медиуми наведувајќи дека до несреќата дошло после судир со друг скијач.
Францускиот премиер Жан Кастекс (Jean Castex) му оддаде почит на Улиел, наведувајќи дека починал актерот кој пораснал со кинематографија која и него го сакала.
Улиел ќе остане запаметен по улогата на познатиот моден дизајнер Ив Сен Лоран во филмот Бертранд Бонело од 2014 година.
Во 2017 година, актерот ја доби наградата на Француската академија за филмска уметност – Цезар за најдобра машка улога во филмот „Juste la fin du monde“ (Тоа е само крајот на светот) во режија на Ксавие Долана.
Беше заштитно лице на модната куќа Шанел за машкиот парфем „Bleu de Chanel“. Тој глумеше со познатите актери Изабел Ипер и Жерар Депардје.
Улиел имаше и интернационална кариера, а наскоро ќе биде прикажана и Марвеловата серија „Moon Knight“ на платформата на Дизни во која играше и тој.
Тој, исто така, ќе остане запаметен ширум светот по улогата на младиот Ханибал Лектор во филмот „Hannibal Rising“ на Питер Вебер.