Младите српски фудбалери Кристијан Миошко (19) и Маријан Мариќ (19) загинаа во страшна несреќа што се случи рано наутро во понеделникот во селото Влајковац кај Вршац, кога автомобилот „рено меган“ во кој се возеле излетал од патот и паднал во каналот Дунав-Тиса- Дунав.

Миошко и Мариќ наводно се враќале од домашна забава, го однеле својот пријател дома, а потоа нивниот автомобил излетал на мостот на каналот Дунав-Тиса-Дунав.

Откако Кристијан изгубил контрола врз движењето на автомобилот, истиот почнал да се движи лево-десно, преминал во спротивната лента, ја пробил оградата на мостот и несреќните момчиња слетале во ледената вода, изјави извор на српски Курир.

На фотографиите од местото на несреќата може да се забележи еден многу шокантен детал. Имено, од целосно згмечениот автомобил на настраданите млади фудбалери испаднала фудбалска топка.