Најмалку 3 лица загинаа, а 18 се повредени по тешката автобуска несреќа која се случила денеска во близина на турскиот град Истанбул.
Патничкиот автобус сообраќал на релација Черкезкој – Ајдин излетал од патот и слетал во провалија длабока 30 метри на автопатот Кузеј – Мармара.
Агенцијата Анадолија пренесува дека животот го загубиле најмалку двајца патници, додека „Дејли Сабах“ пренесува за три загинати, а 18 повредени. Во автобусот во моментот на несреќата имало повеќе од 20 лица.
Во моментот на несреќата условите на патот биле отежнати, односно имало голомразица и снег, па тоа може да биде една од причините за оваа несреќа.