Пред седум години, Невена Вртулек, српска новинарка од Нови Сад, ја доживеа најголемата можна трагедија – го загуби своето дете како последица од насилството од врсниците (врсничко насилство или попознато како булинг). Оттогаш, таа е посветена на својата мисија, а тоа е да се бори за децата кои се во иста ситуација како нејзиниот син.

Невена е иницијатор на законот „Саша алерт“, закон кој им помага на родителите да ги препознаат знаците за употреба на нова дрога кај децата, пишува mojnovisad.com. Овој закон предвидува штом се појави нова дрога на пазарот, информациите за нејзе мора да бидат објавени во сите медиуми, со сите нејзини карактеристики, за да можат родителите навреме да препознаат и да реагираат доколку се посомневаат дека дрогата стигнала до нивното дете.

– Сакав да им помогнам на другите родители врз основа на своето искуство, барем да дознаат што се случува со нивните деца. Овде беше во прашање нова синтетичка дрога, за која полицијата наводно тогаш не слушнала. Сите овие синтетички дроги се полоши од оние што ги знаеме, бидејќи се прават во домашни лаборатории и не се знае што се става во нив. Со оглед на тоа колку е важна информацијата, се договорив со професорката Драгана Ќориќ да направиме нешто. Така дојдовме „Саша лерт“- Закон за траснапрентност на новите дроги, кој е и усвоен. Сега, штом се појави нова дрога на нашиот пазар, мора се објави во сите медиуми, секако со сите карактеристики, за да можат родителите да препознаат и да реагираат, вели Невена Вртулек за сајтот mojnovisad .com.

Синот на Невена, Александар имал 14 години кога пред нејзини очи си го одзел животот поради насилство од врсници на кое бил изложен. Според Невена, Александар бил весело, љубопитно дете, постојано насмеано, позитивно, подготвено да помогне, омилено во општеството, добар ученик. Имал врска полна со доверба и љубов со мајка му, која сама го одгледала.

– Одеше на часови по глума, свиреше виолина, спортуваше, ја имаше мојата поддршка во се што го окупираше. Беше дете кое можеш само да го посакаш, многу разговаравме, како вистински пријатели, заедно ги решававме сите проблеми – вели несреќната мајка.

„Пеколот започна во осмо одделение“

И тогаш, во осмо одделение, на почетокот на учебната година, се случи инцидент во училиштето.

-Двајца ученици претепале момче од одделението на Саша, едниот го држел, другиот го удирал со глава по лицето. Мојот син ме присуствувал на тоа бидејќи тогаш разговарал со педагогот, а не ми е јасно зошто таткото на истепаното тоа дете го повика како сведок во полиција, кога уште неколку десетици ученици беа сведоци на тепачката. Можеби затоа што тие деца имаа татковци кои не дозволуваа, вака, мислеше дека со Саша полесно ќе се манипулира бидејќи има само мајка. Заедно отидовме во полиција, каде што син ми даде изјава дека ништо не видел затоа што бил кај педагогот (кој можеше тоа да го потврди, но не го стори роа) и јас мислев дека е готово. Но, јас бев во грешка …

Александар остана сведок во постапката, полицијата едноставно го игнорираше неговиот исказ, кој лесно можеше да се докаже.

– Две насилни момчиња, кои, како што подоцна дознав, биле дел од поголема криминална група во соседството, заедно со нивните другари, почнале да го малтретираат мојот син. Поради претходно извршените дела им се заканувал затвор во воспитно-поправен дом, па затоа решиле на свој начин да го „средат“ главниот сведок. Започна хајка, на која од страв да не ги снајде истата судбина, им се придружија и други деца, меѓу нив и многумина кои Саша ги сметаше за пријатели. Му се заканувале, го навредувале и омаловажувале, го удирале со „ластици“ од кои со денови го болела главата.

– Неговите мачители одвреме навреме попуштаа малку, го викаа да седне со нив пред училиштето. Ќе соберат пари, па еден од нив ќе одел по шише Кока Кола од два литри, која Саша, инаку, никогаш не пиел. Се испостави дека и тоа било злоставување, но многу поперфидно и со посериозни последици… А тој, правеше се за да ги удоволи, да им покаже дека е ист како нив, дури и неговите објави на Фејсбук станаа полни со граматички грешки, за да не испадне „штребер“. Меѓутоа, насилството продолжило и Александар од ден на ден стануваше се поповлечен. Во еден момент, почна да одбива да оди на училиште, повеќе не одеше на глума и тренинг, ниту на часови по музичко училиште, дури не го шеташе кучето што го обожаваше. Тој одбил да оди на екскурзија и тие недели среќно одел на училиште знаејќи дека нема да се сретне со своите мачители.

-Постојано го прашував што се случува, но тој не сакаше да ми каже, викаше дека се е во ред, дека може сам да се справи со проблемите и дека само сиромашните се жалат кај неговите родители и наставници. Инсталираше шифри на телефонот, таблетот и компјутерот, не можев да добијам никакви информации. Наидов и на ѕид на тишина кога се распрашував со неговите соученици, а на сите мои барања да истражам што се случува, училишниот педагог и класниот раководител молчеа. Пубертет е, рекоа, а не направија ништо, иако детето имаше голем број изостаноци, што јас, сепак, го оправдував стравувајќи дека ќе му забранат да полага матура. Отидов во полиција да го пријавам насилството, но ми рекоа дека не можат да помогнат бидејќи не ги знам поединечните имиња туку само името на хулиганската група која го малтретирала, чии членови, инаку, биле добро познати.

Агресија, па повлекување

Во второто полугодие Саша редовно одел на училиште, но неговото однесување станувало се почудно, станувал агресивен и целосно повлечен.

– Нашата некогаш значајна комуникација се сведе на моите загрижени прашања и неговите скудни, бесни одговори. Неколку пати бевме на работ на физички конфликт, го молев да ми каже што го мачи, да разговараме како порано, му ветив дека ќе се сменам ако нешто го повредува. Тој рече: „Мамо, ти си супер, навистина не знам што ми е“. Закажав разговор со детски психолог, кој по неколку заеднички сеанси и два-три разговори сам, со мене и Саша, ми кажа дека син ми не сака да разговара со него и дека се што се случува е последица на пубертетски „бубачки “. Видов дека нема никаква корист од тој „стручњак“, особено кога на детето му ги откри (што вистински професионалец никогаш не го прави!) деталите од разговорот што ги водевме насамо, а син ми го опиша како големо предавство. Психологот ме замоли да му дадам уште малку време и јас попуштив, денес се каам.

ПОВИК ОД СУДОТ – КАПКАТА КОЈА ЈА ПРЕЛЕА ЧАША

Десетина дена пред неговиот 14-ти роденден. Саша добил покана од судот да сведочи како полнолетен, иако законот предвидува децата на таа возраст да даваат изјави во таканаречената екран соба во Центарот за социјална работа, во присуство на родител, психолог, јавноста, обвинител и адвокат.

– Јас тогаш не го знаев тоа, така што не е мое да ги знам законите, судијата и обвинителот ќе треба да се грижат да се следи постапката. Тоа беше дополнителен стрес за сите нас, а особено за Саша – вели Невена.

„Во секунда ја отвори вратата, истрча на терасата и се фрли во бездната“

Две недели пред несреќата, Александар ѝ се доверил на мајка си дека ги решил сите несогласувања со „екипата“, бил мирен и весел..

-Попладнето пред трагедијата отиде со друштвото во обложувалница од каде без здив се врати, подоцна од еден негов пријател дознав дека се тркал со автобус. Неговото однесување таа вечер беше, благо кажано, чудно. Воопшто не можеше да се смири, постојано се шеташе низ станот, на моменти изгледаше како да вежба некоја улога, одбиваше секаква комуникација, беше поагресивен од било кога. Поминавме непроспиена ноќ и се смиривме пред утрото, но тој одби да оди кај новиот психолог што во меѓувреме го најдов. Отидов сама и закажав нова сесија, а кога се вратив тој беше во својата соба. Мислев дека спие и не сакав да го вознемирувам, почнав да подготвувам ручек, а потоа наеднаш вратата од неговата соба се отвори и Саша истрча на терасата. Во секунда ја премина оградата и полета во провалија, јас го бркав, но веќе беше доцна. Тогаш мојот живот заврши, но решив да се борам, во негово име, такво нешто да не се повтори.

Злоставувачите скришно му ставале „хероин за сиромашни“

Впрочем, полицијата проверуваше дали во случајот на Саша има елементи на кривично дело.

– Обидувајќи се да дознаам што се случувало со моето дете, дојдов до информација дека неговите насилници тајно истурале мефедрон, дрога позната како „луда мачка“ и „хероин за сиромашните“ во Кока-Кола, која предизвикува токму такво однесување, како што повремено го изразуваше Саша неколку месеци пред неговиот трагичен крај.