Доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските Алфи кај ПМФ.
Од МВР за Курир потврдиле дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ Идризово, Ќ.Р. (52) од Куманово.
Алсат неофицијално објавува дека Ќерими починал како последица на мозочен удар. Бил пронајден без свест во затворската бања, а починал при транспортот во болница.
На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските Алфи еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.