Охриѓанец бил нападнат и ранет со остар предмет од неговиот 18-годишен син. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според информациите, нападот се случил по претходна расправија.

„На 26.01.2022 година во 19.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Н.Т.(46) од Охрид, по претходна расправија бил нападнат и повреден со остар предмет од неговиот син П.Т.(18).

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.