Поранешните играчи на Вардар, Кристијан Дисингер и Игор Карачиќ, станаа сопственици на компанија за одгледување на медицински канабис во Струмица, пренесува Фактор.мк
Бизнисот со канабис во Македонија стана примамлив дури и за врвните спортисти, а можност за инвестирање во тоа видоа и Германецот и Хрватот.
Двајцата некогашни ракометари на скопските црвено-црни сега се сопственици на ИД Канабис Доо увоз-извоз Струмица, објави Централен регистар. Сепак не постојат податоци кога е регистрирана компанијата и дали поседува лиценца за работа.
Карачиќ во моментов игра за екипата на Кјелце, додека пак, Дисингер настапува за Динамо Букурешт.
Уште од времето кога беа „скопјани“ познато е дека се големи пријатели и надвор од професионалните обврски. Сопругата на Карачиќ и партнерката на Дисингер се сестри од Македонија.