Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио објави дека македонскиот фудбалер Горан Пандев ја напуштил Џенова и ќе ја доигра сезоната во второлигашот Парма, каде што брани легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.

Ова е изненадувачки потег од најдобриот македонски фудбалер на сите вррмиња, особено што тој најавуваше дека летово заминува во играчка пензија.

Дали овој трансфер значи дека Пандев ќе игра уште некоја година или му се збоктисало од Џенова, каде што е веќе седум години, останува да видиме.

Во секој случај, ако реши игра и наредната година за Парма, Пандев сигурно ќе остане во Серија Б, зашто положбата на неговиот клуб на табелата не ветува преселба во ранг погоре.