Актерката Достана Николиќ (21) ја загуби битката со акутната леукемија со која се бореше.

– Синоќа не напушти нашата Достана. Немам зборови – напиша кусо на социјалните мрежи нејзината колешка и професорка Данијела Врањеш, информирајќи ја јавноста за трагедијата. Данијела на Инстаграм објави фотографија со помладата колешка и ги растажи сите.

Достана глумеше во неколку српски серии, а студираше на Академијата за уметности во Нови Сад. Инаку, публиката ја запозна во серијата „Ургентен центар“ и други проекти.

Актерите пред неколку недели на социјалните мрежи апелираа до граѓаните да даруваат тромбоцити од Б крвна група, за да и помогнат.