Шокантните фотографии од рендген на белите дробови на двајцата пациенти покажуваат каква разлика навистина прават вакцините. Фотографиите го покажуваат ефектот на вирусот врз белите дробови на пациентите со ковид-19, но едниот пациент е вакциниран додека другиот не.

– Единствени луѓе кои многу се разболуваат се невакцинирани лица – изјави шефот на персоналот во Медицинскиот центар „Deer Valley“, д-р Сем Дурани и додал дека невакцинираните луѓе често мора да бидат на механичка вентилација или на кислород, наведува британски „Сан“.

– Скеновите на белите дробови на вакцинираниот пациент со ковид-19 покажуваат поголем проток на воздухот, при што поголемиот дел од белите дробови се обоени во црно, што значи дека нема оштетувања или тоа оштетување е мало. Од друга страна, рендгенот на невакцинираната личност покажува дека белите дробови се закрчени, што го ограничува протокот на кислород во целото тело – рекол д-р Дурани.

– Вакцините штитат од потешки форми на болеста и смртност кај повеќето луѓе кои се заразуваат со коронавирусот. Дури и кај пробивните инфекции кои завршуваат со пневмонија, нивните КТ скенови и понатаму не беа толку лоши како оние на невакцинираните пациенти. – објаснил тој.

Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) покажуваат дека ризикот од смрт од ковид-19 е 11 пати поголем кај невакцинираните возрасни луѓе отколку кај вакцинираните. Смртта на целосно вакцинирани лица сочинува 1 отсто од вкупните смртни случаи од ковид-19 во Англија.

„Вакцината дејствува исклучително добро и спречува вирусот да напредува до воспаление на белите дробови (пневмонија) или да се инфилтрира во белите дробови“, утврдил д-р Дурани.

Вакцините можат да спречат тешки болести и смрт кај повеќето луѓе, но за жал, нема да функционираат кај некои.

Тоа значи дека луѓето со двојноидози можат да завршат во болница со ковид-инфицирани бели дробови, но на драстично пониско ниво во споредба со оние без никаква заштита од вакцините.