Девојче (3) од Грабовац кај Обреновац во Србија синоќа починало како последица на изгореници здобиени претходно во текот на денот.

Ова за српски Курир го потврдил директорот на Институтот за мајка и дете во Белград, д-р Радоје Симиќ.

„Со сите напори на лекарот, во 19 часот и 56 минути почина девојчето Д.Р. кое беше повредено во пожарот во опожарената соба во село Грабовац“, изјави д-р Симиќ.

Девојчето се здобило со тешки изгореници во креветот кога се запалило ќебето кое било недалеку од шпоретот.

Било пренесено во Институтот за мајка и дете, а лекарите се бореле за нејзиниот живот, но за жал ја загубиле битката, пишува српски Курир.

Се’ се случило за неколку секунди

– Се’ се случи за неколку секунди – изјави мајката на тригодишното девојче од селото Грабовац кај Обреновац, кое вчера загина во страшна несреќа кога пожар и го зафати креветчето.

Родителите на повреденото девојче се во шок и не сакаа да разговараат со медиумите.

Мајката накратко рекла дека само излегла од куќата за да подготви вечера и дека за тоа време девојчето останало во кревет…Токму тогаш се случила трагедијата.

Таткото на девојчето, С.Р., претходно изјави дека во тој момент бил во ходникот. Тој рече дека забележал чад и веднаш истрчал во собата.

-Кога ја отворив вратата од собата, видов пламен кој го зафати креветчето во кое беше мојата ќерка – рекол тој.

Тој додаде дека веднаш го зел креветчето и го извадил во дворот, а потоа го извадил детето кое имало тешки изгореници.

Рече дека девојчето го завиткал во ќебе и го однел во болница.

Во Институтот за мајка и дете е примено детето во лоша состојба. И покрај лекарските обиди, девојчето починало.

Нејзиното тело е пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина.

Таткото се здобил со изгореници од трет степен, а рацете му се преврзани… – изјавила кратко бабата на починатото девојче.

„Ве молам разберете не’… тешко ни е“, рече кратко таа и се повлече во куќата.

Истрагата за овој случај е во тек, а телото на девојчето е испратено на обдукција.