Нова трагедија во фудбалски свет, кои се редат како на филмска лента во последно време, откако од Грција дојде информацијата за прераната смрт на 21-годишниот фудбалер, Алесандрос Лампис.
Тој почина на теренот, откако колабира за време на натпреварот на нисколигашот Иуполис против Енормијада. Лекарите веднаш реагираа и се обидоа да го спасат, но не успеаја во тоа. Според грчките медиуми, возилото со Брзата помош доцнело 20-тина минути, што се наведува како една од причините за големата трагедија.
„Наш Алеко, наш брат и пријател. Си замина така неправедно. Целиот тим и целиот град денеска тагуваат. Нема вистински зборови, само неподнослива болка и кнедла во грлото. Среќен пат во вечноста, Алекара“, порачаа од неговиот клуб.
Клубот за кој настапуваше несреќниот Лампис е од Атина. Ова е само уште една од низата трагедии, какви што изминатиов период имаше во Гватемала, Алжир…