Поранешниот сопственик на Палермо, Маурицио Зампарини, почина денеска на 81-годишна возраст. Кон крајот на декември тој бил примен во болница поради перитонитис. Неколку дена подоцна Зампарини бил отпуштен, но тогаш неговата состојба се влошила и морало повторно да биде хоспитализиран.

Пред да дојде во Палермо, Зампарини беше сопственик на Венеција, која ја спаси од банкрот и ја донесе во Серија А.

Тој стана сопственик на Палермо во 2002 година, а под негово водство клубот стигна и до Серија А, а играше неколку пати во Купот на УЕФА. Во негово време дресот на сицилијанската гордост го носеа и нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, кои денеска се простија од поранешниот прв човек на Палермо со објави на социјалните мрежи.

📷