На 01.02.2022 година, на излез од граничниот премин Бачка Паланка, српските царински службеници во соработка со полицијата во таен бункер под седиштето на комбе открија и спречија обид за шверц на 55.800 цигари.

Обидот за шверц на цигари бил откриен кога во текот на вечерта на преминот пристигнало комбе „опел виваро“, управувано од 35-годишен белграѓанец.

На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, како и на експлицитното прашање дали во возилото има акцизна стока (алкохол, кафе, цигари) возачот одговорил негативно.

Но, по деталниот преглед на возилото било утврдено дека наведените изјави не одговараат на вистината.

Имено, во кабината на возилото под два реда седишта и гумен тапацир пронајден е преуреден простор, т.н. бункер каде се пронајдени шверцувани цигари.

Откако се демонтирале седиштата во кабината на возилото и биле извадени од возилото, бил изваден гумениот тапацир, а потоа биле извадени и 3-те завртки кои го држеле капакот на бункерот.

Тогаш пред цариниците и полицајците се појавил простор исполнет со кутии шверцувани цигари, меѓу кои најзастапени беа портокаловите и сините „Честерфилд“ со акцизна маркичка на Република Македонија – 4.480 кутии, а во бункерот имало 100 пакувања црвено „Марлборо“ со акцизни маркички на Република Србија.

Цигарите, комбето и возачот се предадени на полицијата за понатамошна надлежност.