Бројни медиуми од САД ги објавија новите сателитски снимки, на кои може да се види како руската армија распоредила нови единици на Полуостровот Крим.

Во „Њујорк тајмс“ се наведува дека и покрај секојдневните тврдења на рускиот претседател Владимир Путин дека САД се обидуваат да ја вовлечат Русија во војна со Украина, ваквите снимки го покажуваат спротивното, бидејќи го откриваат омасовувањето на руските трупи околу Украина.

„Последните снимки тоа го докажуваат, бидејќи откриваат како на Крим „иникнаа“ нови кампови на руската војска. Снимките се направени пред два дена“, се вели во веста објавена од „Њујорк тајмс“.

Во истиот текст се наведува дека Русија има распоредено 130.000 војници на повеќе локации околу Украина.