Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер ги погоди рано утрово планините Хиндукуш во Авганистан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот, кој првично беше проценет на 6,8 степени, а потоа корегиран на 5,7 степени, се случи на длабочина од 209 километри, додаде EMSC, пренесува Ројтерс.
Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.