Спасувачите во Мароко по четири дена, со крајни напори стигнаа до петгодишното момче Рајан, кое падна во бунар, а во тек е обидот тоа да се извлече.

Детето во вторникот падна во бунарот со длабочина од 32 метри во близина на семејната куќа во селото Игран, во северната мариканска покраина Шифшаун, по што започна голема операција за спасување.

Спасувачите се обидуваат да го одржат момченцето во живот, давајќи му вода и кислород. Спуштија и камера за да ја следат неговата здравствена состојба и да комуницираат со него.

18:34 Според известувачот на Хеспрес, Абдесалам Чамек, медицински тим предводен од специјалист за реанимација и медицински сестри влегле во тунелот каде што се наоѓа Рајан откако спасувачкиот тим успеал да стигне до него.

ArabNews јавува дека спасувачите стигнале до момчето и дека до него е медицинска екипа. Во тек се подготовките за негово извлекување.

Откако копале цела ноќ, спасувачите влегле во тунелот кој води до делот каде се наоѓа петгодишното момче. Тој на 1 февруари паднал во бунар длабок 32 метри и таму бил заробен пет дена.

Голем проблем при спасувањето е опасноста од лизгање на земјиштето, поради што на копањето морало да се пристапи многу внимателно.

Несреќата се случила кога таткото на детето работел на бунарот.

„Го оттргнав погледот од него само на секунда и тој падна во бунарот. Воопшто не спиевме“, изјави претходно неговиот татко за новинарите.