Случајот со момчето Рајан од Мароко кое падна во бунар длабоко го заинтригира светот, кој ги следеше акциите на спасувачките тимови кои со денови без здив се обидуваа да го спасат.
Откако багерите ископале дупка и по четири непроспиени ноќи за неговите родители, тим копачи со раце ја отстраниле земјата поради страв од лизгање на земјиштето, предводени од Али Сахрави, кој сега Мароканците го слават како национален херој.
Набргу откако на момчето му била укажана лекарска помош и откако било утврдено дека е живо и дека има потешкотии со дишењето, на социјалните мрежи почнале да кружат фотографии на Сахрави, каде луѓето го фалат за неговата упорност да дојде до петгодишното дете.
Not all heroes wear capes thank you Ami Ali Sahraoui #أنقذوا_ريان #SaveRayan #Rayan pic.twitter.com/ybfElewOs4 pic.twitter.com/TpoK0lCSAi
— 𝐆𝐎𝐅𝐀𝐃𝐇𝐄 (@GOFADHE) February 5, 2022
Сахрави и неговиот тим рачно ископале пештера низ која медицинскиот тим се пробил до Рајан.
Случајот со момчето Рајан од Мароко кое падна во бунар длабоко го заинтригира светот, кој ги следеше акциите на спасувачките тимови кои со денови без здив се обидуваа да го спасат.
Според неофицијални информации кои кружат на социјалните мрежи, Рајан наводно има повреди на главата и грбот и лекарскиот тим го стабилизира за да може да го префрли во болница.
May Almighty Allah reward Ali Sharaoui in bountiful for his kind gesture.
We wish there are more of you.#SaveRayan#rayanlive #Rayan pic.twitter.com/1RdcLOqaFa
— Africa Double~Q (@africa_doubleq) February 5, 2022
Спасувачите се плашеле да не се урне тунелот што го ископале паралелно со бунарот, по што рачно ги ископале последните неколку метри. Работата му ја довериле на Али Елјажају, познат како „Сахрави“, кој е експерт за копање бунари и тој го ископал последните метри до момчето.
Тој наводно од југот на земјата дошол на север за да помогне во спасувањето на момчето и ги ископал последните метри вертикално со рацете за да стигне до Рајан.
علي الصحراوي ( عمي علي ) ٦٨ عاماً حفار ابار دخل منذ ليلة امس الى النفق الافقي ليحفر ماتبقى من المسافة يدوياً من دون الات ومعدات خوفاً من انهيار الجبل وخرج قبل دقائق من داخل النفق وابتسامته تغطي وجهة ليعلن البشاره بأنه فتح الطريق تماماً امام المنقذين والمسعفين #ريان_المغرب pic.twitter.com/c4xddPKFyL
— D6٧َ (@dclss1) February 5, 2022