Петгодишниот Рајан од Мароко, чие спасување од бунар длабок 32 метри траеше четири дена, почина само половина час откако беше изваден на површината и со амбулантно возило беше префрлен во локалната болница.
Според Ал Џезира Мароко, пристигнала официјална информација дека момчето не ја преживеало операцијата за спасување.
Потсетуваме дека момчето помина четири дена во бунарот. Спасувачите попладнево успеаја да ископаат тунел до него, а од тунелот беше извлечен околу 21.30 часот по локално време. Веднаш со возило на брза помош беше пренесен во болница.
Арапските медиуми објавија дека мароканските власти изјавиле дека малиот Рајан не преживеал.
Кралот Мухамед Шести од Мароко ги повика родителите на момчето да им изрази сочувство.
Според други арапски медиуми пак, момчето починало на пат кон болница. Епилогот е целата драма секако е трагичен, цел свет изминативе неколку дена ја следеше ситуацијата со несреќното дете, која на крај за жал заврши трагично.