Фолк пејачката Ирена Спасовска на Инстаграм стори откри дека нејзината наследничка има роденден.

Атрактивната русокоса често споделува фотографии на социјалните мрежи од нејзиниот приватниот живот. Овој пат таа сподели фотки од роденденот на ќерка ѝ Тамара, која пејачката нагалено ја нарекува Тами.

„Тами на мами, најсреќна да ми бидеш“ , напиша во објавата Ирена.

Според натписот на убавата чоколадна торта, која е во форма на срце, Тамара полни 22 години, но она што е очигледно е дека сличноста помеѓу мајката и ќерката е неверојатна, што дури изгледаат како да се другарки.

„Уште кога бев бремена посакував да е девојче, бидејќи ќерката е дар од Бога. Тамара е многу музикална и настапуваше на некои детски фестивали. Има нижо музичко, но сепак одлучи средното образование да го продолжи на правен смер, а сега е четврта година на Фон, каде студира на Факултетот за мулти медија и графички дизајн. Тоа ја исполнува и јас ја почитувам нејзината желба бидејќи мислам децата не треба да бидат клонови на своите родители, туку да си го најдат својот пат сами и да уживаат во својата работа“, вели Ирена за Репортер.мк

Таа додава дека Тамара е скромна девојка и многу праведна.

„Ние две сме си секогаш подршка една на друга. Како и секоја мајка и јас сум пожртвувана и најбитна ми е среќата на мојата ќерка“, додава фолк пејачката.

📷

📷