Грчката противпожарна служба денеска соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се водea како исчезнати.
Тројца планинари на возраст меѓу 50 и 55 години тргнаа да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција во саботата наутро, објави АП.
Тие го паркираа својот автомобил на ски-центарот Калаврита, во близина на истоимениот град и оставија телефонски број за контакт на операторите на одморалиштето.
Операторите за локалните медиуми изјавија дека синоќа ги алармирале спасувачките служби, кога забележале дека автомобилот се уште е на паркингот.
Спасувачката служба активирала специјална единица за спасување, 22 пожарникари, два хеликоптери и оператори со дронови.
Кацигата и јакната се пронајдени попладнево, а три тела неколку часа подоцна.
Локалните медиуми објавија дека тројцата најверојатно биле затрупани од лавина.