Мајка на четири деца почина на влезот од својот дом, а нејзиното семејство ѝ оддаде почит додека полицијата го бара убиецот. Марина Шабан, 41-годишна жена од Велика Британија е избодена до смрт, јавуваат светските медиуми.

Скршена од болка, на јавноста ѝ се обрати нејзината мајка и побара сите кои имаат информација за трагичниот настан да се јават во полиција.

„Беше грижлива мајка, фантастична личност со вистинска желба за живот.. Трагично ни ја земаа пред време. Позади себе остави четири деца и огромно семејство кое ја сакаше и кое сега е апсолутно уништено“, вели таа.

Судско-медицинска обдукција веќе е направена за да се утврди причината за смртта. Полицијата ги прегледува безбедносните камери и разговара со очевидци.

„Ова навистина е трагичен инцидент и моето срце е со семејството на Марина. Знам дека ова е голем шок за соседите и за локалната заедница. Зголемено е присуството на полицијата во оваа област за луѓето да се чувствуваат сигурни“, изјави полицискиот инспектор на Вест Мидлендс.