Русија го освои екипното злато во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Натпреварувањето го обележа 15-годишната Камила Валиева. Таа е првата лизгачка во историјата која изведе целосен четирискок на едно олимписко натпреварување! Претходно ова им успеваше и на други лизгачи, но никогаш во олимпиското натпреварување.
Оваа тинејџерка изведе два совршени четирискока, проба и трет пат, но за жал падна.
За овој фасцинантен настап, таа беше наградена со оценка од 178,92, што е речиси шест поени помалку од нејзиниот светски рекорд.
Музиката со која ја изведе својата точка е познатото Болеро од Морис Равел.
O primeiro salto quádruplo realizado por uma mulher nas olimpíadas é dela: Kamila Valieva #PatinaçãoArtística #FigureSkating
pic.twitter.com/ZD0mk6zRys— ju³⁰| jurídico sasha trusova ⛸ (@jufcbayern) February 7, 2022
🎥