Хрватскиот напаѓач Леонард Вук, фудбалерот на Вараждин доживеа тешка повреда на второлигашки меч против Ориент, на кој неговиот тим славеше со 2-1, но тој доживеа стравична повреда – ги скрши двете нозе.
При еден дуел, Вук заработи скршеници на двете потколеници, а фудбалерите на теренот не можеа да поверуваат што се случи, па на многумина им се слоши од глетката.
Вук со брза помош итно беше префрлен во болница, а експресно и опериран по што му следува долга пауза на рехабилитација пред да се врати на терените.
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸
📸