Тешко повредениот 54-годишен маж од хрватскиот остров Крк починал во болницата во Риека. Тој случајно бил застрелан од негов пријател со огнено оружје, соопштија од Полициската управа Приморје-Горски Котар, а пренесува „Јутарњи лист“.

По извршена кривична истрага, утврдено е дека 37-годишен маж поради невнимателно ракување со огнено оружје во раката, на 14-ти февруари тешко го повредил 54-годишникот. И покрај укажаната лекарска помош, повредениот 54-годишник починал во Клиничката болница Риека.

Несреќата се случила за време на ноќно излегување, а помладиот маж пукал од рачно изработен пиштол на виткање и го усмртил својот пријател.

– Тој е кривично пријавен во ресорното државно правобранителство и предаден на надзорник на притвор, пишува „Јутарњи“.