Хаосот меѓу Далила Драгоевиќ и Филип Цар не престана цела ноќ во реалното шоу „Задруга“. Тие двајца во неколку наврати се карале и викале, а Филип Цар неколку пати ја нападнал својата девојка.

Обезбедувањето и другите членови во реалното шоу се обиделе да ги смират, но на социјалните мрежи се појави видео кое навистина ги згрозило.

Во еден момент, Филип ја гаѓал Далила со полна лименка пиво, ја погодил право во главата, а таа паднала од болка.

Обожавателите на реалното шоу се целосно згрозени од ваквото однесување на Филип, особено што не е првпат тој да врши насилство врз жените.

View this post on Instagram

A post shared by Heavy Cur (@heavycur_zadruga)

Продукцијата сигурно нема да толерира вакво однесување, па затоа денеска се очекува казна за Филип Цар и директна дисквалификација од шоуто, пишуваат белградските медиуми.