Робертино Илиевски, 24-годишниот син на фолк-пејачката Сузи Анѓелковиќ, починал синоќа, откако со автомобил удрил во дрво во Власотинце, јавуваат српските медиуми.
„Слушнавме силен тресок и кога излеговме на улица го видовме автомобилот, смачкан до половина од предната страна. Веднаш повикавме итна помош и полиција“, раскажале сведоци на несреќата.
Момчето се здобило со тешки повреди на главата и градниот кош. Околу еден час бил реанимиран, но им подлегнал на повредите и покрај сите напори на лекарите, пишува „Фокус“.
Сочуство на Ангелковиќ веќе ѝ изразија и колегите од естрадата.
Оние што ја познаваат велат дека Сузи важи за скромна жена и посветена мајка и дека овој немил настан тешко ќе го преброди. Таа има уште еден син.
Публиката најмногу ја препознава по нумерата „Пусти да се парите“, а своевремено сними и песна посветена на македонските Тигри.
📷