МВР информира дека млада девојка била избодена во центарот на Скопје.

-Утрово полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.М., затоа што околу 00.15 часот на бул. „Гоце Делчев“ физички ја нападнал С.Д.(24) од Скопје и со остар предмет ѝ нанел повреда.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата.