Неполн месец пред да го загуби животот во Португалија при паѓање од карпа наречена „Устата на пеколот“, во Белград била поднесена приватна кривична пријава против Оливер Антиќ, српскиот амбасадор во Португалија, со тврдење дека Антиќ ја наведувал на секс неговата ќерка која имала само девет години.
Мајката на девојчето поднела приватна кривична пријава на 27 јануари. Првата страница од тој документ, со целото име и презиме на девојката, беше објавена и споделена минатиот ден на социјалните мрежи.
Апелираме до сите корисници на социјалните мрежи да не го споделуваат тој документ доколку го прикажува целото име и презиме на малолетникот, се наведувало од страна на истражните органи на Србија.
Минатиот ден неофицијално беше потврдено дека првата страница од приватната кривична пријава е целосно автентична. Антиќ во пријавата се товари за кривично дело недозволена сексуална активност.
Антиќ почина пред четири дена кога падна во морето од карпата наречена „Устата на пеколот“, која е позната туристичка атракција во близина на Лисабон. Португалските медиуми тврдат дека се работи за самоубиство, а семејството на Антиќ тврди дека се работи за несреќен случај.
Во приватна кривична пријава поднесена од мајката на девојчето против Антиќ, чии детали нема целосно да ги објавиме поради заштита на малолетникот, Антиќ се товари дека од летото 2020 до август ја поттикнувал ќерката на секс во нејзината куќа во Белград а во тоа време таа имала девет и десет години.
Наводно, Антиќ и го покажал на ќерка си полов орган и и предложил да го допира и бакне. Мајката на девојчето во пријавата тврди дека Антиќ ја соблекол маицата на девојчето и ја допирал по градите а потоа дека влегол во туш-кабината каде таа во моментот се туширала и дека ја турнал во агол.
Соседните медиуми неофицијално дознаваат дека Првото основно јавно обвинителство веднаш почнало да ги проверува наводите од приватната кривична пријава. Но, поради смртта на Антиќ пријавата ќе биде отфрлена, а случајот официјално ќе остане нерешен.
Португалските медиуми објавија дека Антиќ на денот на неговата смрт бил во автомобил со возач на кого му наредил да застане покрај карпата на „Устата на пеколот“, од која потоа се фрлил.
Веднаш била алармирана поморската полиција и пожарникарите, а Антиќ бил уште жив кога го извлекле, но набргу починал.
Семејството ги негираше наводите за самоубиство и тврди дека се работи за несреќен случај.