Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака објавена доцна во четвртокот вечерта, облечен во воена униформа, рече дека „новата железна завеса“ се спушта и ја одвојува Русија од „остатокот од цивилизираниот свет“ по нејзиниот напад врз Украина.

-Денес не слушнавме само проектили, пукотници и брмчење на авиони, она што го слушнавме беше звукот на новата железна завеса што се спушта и ја одвојува Русија од остатокот од цивилизираниот свет, рече Зеленски.

Претседателот Зеленски објави дека од почетокот на руската инвазија загинале најмалку 137 лица.