Меѓународната џудо федерација го суспендираше Владимир Путин од функцијата почесен претседател и амбасадор. Рускиот претседател има црн појас во џудо.
Одлуката е една од низата спортски „санкции“ објавени во последните денови. Руската Формула 1, која требаше да се одржи во Сочи во септември, е откажана.
Европската куќа на фудбалот донесе одлука да и ја одземе на Русија организацијата на финалето во Лигата на шампионите. Наместо Санкт Петербург, поради руската инвазија на Украина, УЕФА одлучи финалето да се игра во Париз.