Привремен прекин на огнот во одредени делови, јавува светската агенција АП.
– Украина и Русија се договорија за привремен локален прекин на огнот за да се овозможи евакуација на цивили, како и испорака на помош до безбедни коридори, пренесува АП.
– Украина соопшти дека постигнала привремен договор со Русија за организирање безбедни коридори за евакуација на цивили и испорака на хуманитарни материјали. Според договорот, примирјето би се почитувало таму каде што се создаваат безбедни коридори – наведува АП.